Награди на „Остен“ од 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019

„Карикатуристот Мојмир Михатов од Хрватска ја доби Гран-при наградата на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019", соопшти галеријата „Остен".

Првата награда му е доделена на Шахрох Хејдари од Франција, а втората на Лук Дешимакер од Белгија.

Доделени се пет трети награди – Хуле Ханушиќ од Австрија, Константин Казанчев од Украина, Милета Милорадовиќ од Србија, Шаман Тораби од Иран и Фуркат Усманов од Узбекистан.

Јордан Поп-Илиев ја доби наградата „Цицо“ за македонски карикатурист, а посебни награди добиваат: Олег Драгачов од Канада, Ратко Маричиќ од Хрватска, Петар Нивендијк од Холандија Анатолиј Станкулов од Бугарија и Павел Станчик од Полска.

„Остен“ соопшти дека на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019 се пријавиле 231 карикатурист од 58 земји со 635 карикатури.

За изборот бил задолжен селекторот  Мице Јанкуловски и интернационалното жири: Дарко Дрљевиќ од Црна Гора, Норберт Иперзил од Белгија, Саед Садеги од Иран и Владимир Боројевиќ и Корнелија Конеска од Северна Македонија.

Селекторот најпрво избрал 115 карикатуристи чии дела ќе бидат претставени во каталогот и од кои интернационалното жири избрало 45 финалисти, а потоа се избрани карикатуристите за награди.

Изложбата на делата од селектираните автори и доделувањето на наградите на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019 и на следната 52. Светска галерија на карикатури – Скопје 2020 ќе се одржи во септември 2020 година, на централна прослава по повод 75 години „Остен“ (1945 – 2020).

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе