Наградата „Живко Чинго” за расказот „Потфрлување на топката“ од Блаже Миневски

Блаже Миневски, новинар, раскажувач и драматург е автор на расказот „Потфрлување на топката“ што беше избран за најдобар на конкурсот за наградата „Живко Чинго“ кој традиционално го распишува општина Охрид.

Членовите на комисијата што ги оценуваа трудовите образложија дека „Потфрлување на топката“ бил избран за најдобар во конкуренција на 50 други пријавени раскази.

Со повеќе пригодни манифестации Охрид и оваа година ќе ја одбележи годишнината од раѓањето и упокојувањето на својот голем писател и раскажувач Живко Чинго. Библиотека „Григор Прличев“ по тој повод организира изложба на дела на Чинго, што ќе биде отворена на 13 август – датумот на неговото заминување од овој свет.

Истата вечер во дворот на црквата „Света Петка“ во родното место на Чинго – Велгошти ќе се одржи и манифестацијата „Вечер на Чинго“, на која ќе му биде врачена и наградата на годинашниот лауреат Блаже Миневски. 

Миневски е автор и на романите „Јас, Тито и Мики Маус“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“, „Свирци“, „Црна лисица“, „Мемоарите на една млечка“, „Љубовникот на Ленин“ и „Нишан“. За романот „Нишан“ ја доби наградата “Стале Попов“, “Роман на годината“ и наградата на Град Скопје – „13-ти Ноември“, а за романот „Свирци“ – наградата „Прозни мајстори“ на фондацијата Македонија презент. Миневски ја има добиено и наградата „Најчитан автор“, признание што го доделува Националната библиотека „Свети Климент Охридски“ од Скопје. Освен седумте романи, Миневски има објавено и неколку книги раскази, меѓу кои „Пристапната беседа на академик Сисое“, „Во рогот на волот“ и „Сезона на глуварките“, за која го доби престижното „Рациново признание“.

Романите „Јас, Тито и Мики Маус“ и „Нишан“ се преведени и објавени на српски јазик во Белград, а романите „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ и „Мемоарите на една млечка“ се преведени и објавени на бугарски јазик во Софија. Романот „Нишан“ е преведен и објавен на англиски, ерменски, словенечки, арапски, кинески, полски и италијански јазик.

Блаже Миневски е застапен е во сите антологии на македонската кратка проза објавени последните дваесетина година, а негови раскази се преведени на дваесетина странски јазици. Миневски и минатата година ја доби наградата „Живо Чинго“ за расказ „Во рогот на волот“. 

 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе