Село Мождивњак

Над кривопаланечко ќе блесне висок осветлен „Остречки крст“ висок 21м

Месните жители и инвеститорот кој потекнува од село Мождивњак веруваат дека крстот висок 21м поставен на местото Острец ќе ги чува, сплотува и радува не само нив, туку и сите добронамерници кои ќе наминат да уживаат во исконската природа. 

Вчера во кривопаланечко, на местото познато како Острец во село Мождивњак, е поставен камен темелник на таканаречениот Остречки крст кој се очекува за еден месец да блесне на падините на Осоговските планини. Осветувањето на првичните активности за кревање на светиот симбол го изврши Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј.

Благодарение на бизнисменот Милорад Мицевски, кој e еден од инвеститорите и главен покровител, како и неколкумина други граѓани и бизнисмени- ентузијасти градот ќе биде збогатен и разубавен со еден нов белег кој истовремено ќе биде и место за развој на руралниот туризам.Лоциран на 6 км од магистралниот пат Скопје – Крива Паланка и околу 3 км од центарот на село Мождивњак, овој крст кој ќе биде висок 21 метар, изработен од поцинкуван челик и соодветно осветлен, а планирано е локалитетот да биде збогатен со придружни реквизити за рекреација на посетителите, летниковец и угостителски објект.За Мицевски, како што вели, реализацијата на овој проект претставува еден чин со кој ја доловува љубовта кон местото на своите корени.

„Голема благодарност до сите добронамерници кои дадоа поддршка за оваа моја замисла. Мотивот е едноставен - љубовта кон родното место, верата и восхитот за преубавата природа по која надалеку е познато селото Мождивњак. Се надеваме дека за еден месец Крстот ќе блесне со сета своја светлина и моќ како христијански симбол во падините на раскошните планини во овој кривопаланечки регион“, вели Мицевски.Несебичното залагање сега, како и во претходни разни хуманитарни акции, зборува многу за овој човек кој треба да им биде пример на локалните бизнисмени како се покажува човечноста на дело, коментираат месните жители на селото Мождивњак.

Инвеститорите, како и останатите граѓани кои ќе се вклучат во реализацијата на овој проект веруваат дека крстот и самиот локалитет ќе бидат значаен дел за жителите, но и за сите посетители и туристи кои ќе сакат да го посетат.Локацијата е на 100 км од Скопје, а исто така, преку селото Каврак, ова место се поврзува со Кратово, оттука преку Злетово со Пробиштип и Кочани.Острички крст, поради местоположбата, ќе биде видлив не само од околните села, туку и од Куманово па се до деве Баир. 

                                                                                                             Х.Н. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе