На „Охридско лето“ промоција на монографијата „Фестивалска приказна“

Во рамки на јубилејното одбележување на годинешното издание на Охридско лето, денеска во предворјето на Св. Софија, ќе биде промовирана монографијата „Фестивалска приказна“ од авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска. Модератор на промоцијата ќе биде новинарот Милчо Јованоски, а ќе се обрати и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

„Достојно за големината на Фестивалот со оваа публикација трајно ќе ја сочуваме богатата историја на нашата најголема музичко сценска манифестација. Многу врвни уметници тука, на фестивалската сцена, оставиле свој белег и се заслужни за успесите на Фестивалот. Со нивните врвни настапи придонеле бројни љубители на уметноста да го сакаат и помагаат Охридско лето. Благодарни сме на сите градители на ова големо дело. Токму затоа огромна е честта што имаме прилика да промовираме монографија во која се испишани 60 години успешна приказна на Фестивалот“, вели директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Поповиќ додава дека Монографијата е посветена на сите оние кои изминативе 60 фестивалски изданија го граделе „Охридско лето“, но и на оние кои доаѓаат, на генерации уметници и почитувачи на уметноста кои ќе бидат дел од оваа врвна манифестација.

Целта на авторите е да создадат дело кое ќе биде напишано со јазик, прифатлив и интересен и за пошироката публика. Јазик, насочен кон збогатувањето и разнообразноста на сознанијата за фестивалот „Охридско лето“, за неговиот почеток, развој и културолошко значење, особено сознанијата на помладата, нова генерација фестивалски вљубеници.

Двојазичаноста на монографијата „Фестивалска приказна” пишувана на македонски и англиски јазик, уште еднаш го нагласува интернационалното значење и интерес за фестивалот „Охридско лето“, инаку член на Европската асоцијација на фестивали.

Монографијата „Фестивалска приказна” е богато илустрирана, како со фотодокументи од бројни настапи на врвни уметници, така и на начин кој неминовно ја потцртува поврзаноста на Охридско лето со суштината и историските специфики на самиот град Охрид.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе