На Охридско лето

На концертот на Дуке Бојаџиев гореа 1.076 свеќи за спас на Охрид и крајбрежјето

Дуке Бојаџиев му го посвети на Охридското езеро концертот кој го одржа синоќа во рамки на Охридско лето. Тој ја повика публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата.

Запалените свеќи гореа додека Дуке Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот.

„Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат”, рече тој.

На спектакуларниот концерт заедно со Дуке Бојаџиев настапија и неговите долгогодишни соработници и чести гости на концертите, Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Костас Анастасиадис на тапани, како и актерката Наташа Петровиќ, вокал и нарација.
Ова единствено музичко доживување беше збогатено и со гостувањата на македонската ѕвезда Каролина Гочева, Бранко Николов од Фолтин и гитаристот Георги Шарески. 

Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид. 

На Охрид и крајбрежјето им се заканува опасност од губење на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО, нешто што речиси исклучиво се случува само со културните и природните наследства под заштита на УНЕСКО кои се наоѓаат во региони погодени од војни или природни катастрофи. Во случајот на Охрид и крајбрежјето, најголема закана се регистрираните дивоградби, а клучниот услов за ова да не се случи е нивно отстранување и воведување на мораториум на градење се до донесување на интегриран план за управување со Охридскиот регион. 

 

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе