На „Интерфест” вечерва концерт на германското дуо Михаил Кун и Кристог Еверс

На јубилејното 30. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест” во Битола, вечрва на програмата е концерт на германското дуо пијано Михаил Кун и Кристог Еверс, кои во салата на клавирите во битолскиот Музеј, Кун и Еверс ќе изведат дека од Дворжак, Шопен, Лист и Бизе.

Во рамки на „Интерфест” синоќа во Битола настапија Ангела Братиќ, уметница на флејта и пијанистот Александар Цветковиќ од Србија кои во својот музички рецитал исполнија дела од Пиацола, Шокер, Мариконе и Златковиќ.

Според фестивалскиот концепт, викендов во Битола на публиката ќе ѝ  биде понудена театарска претстава во изведба на актерите од Битолскиот театар кои ќе се претстават со неодамнешната премиера „И коњите ги убиваат, зар не?” од Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски, а в недела музикологот Викторија Коларовска Гмирја ќе одржи онлајн предавање за македонското музичко творештво.

В недела навечер во битолскиот Музеј целовечерен музички рецитал ќе има Емил Рибарски, кој на пијано ќе изведе дела од Лист, Равел и Шопен. 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе