Од 12 до 14 јули

На Д-Фестивалот во Дојран ќе настапат над 50 музички ѕвезди и 100 уметници

Единствениот музички фестивал на отворено во земјава, популарниот „Д-Фест“ годинава ќе се одржи од 12 до 14 јили во Стар Дојран со тридневна, исклучително богата програма и фестивалски камп.

На шест музички бини ќе настапат повеќе од 50 музички ѕвезди и над 100 уметници и креативци кои ќе учествуваат во бројните активности, перформанси и работилници кои што ќе се одвиваат на повеќе од 20 зони на годинашново деветто издание на „Д-Фест“, најавија организаторите од Пасворд продукција и општина Дојран.

Трите фестивалски вечери на досега најголемото издание на фестивалот, покрај музичките настапи, вклучуваат и бројни работилници, изложби, дебати, базар на уметнички дела и ракотворби и уште многу други содржини кои придонесуваат ова да биде единствена фестивалска авантура.

Сместувачките капацитети во Дојран се веќе целосно иполнети што е уште еден показател дека овој Д-Фест ќе биде најуспешен до сега. Оние кои ќе купат билети заклучно со денешниот ден, 10 јули, ќе го сторат тоа по промотивни цени од 800 денари за четиридневен билет без кампување, односно по 850 денари со кампување.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе