На 19 јануари светската интелектуална елита на онлајн конференција во Македонија

На 19 јануари, вторник, верскиот христијански православен празник Водици - Богојављение, со обраќање - говор на претседателот Стево Пендаровски, со почеток од 12 часот ќе се одржи  Интернационална онлајн конференција: „Охридска школа за хуманизам - од средновековната доба до денес, во Европа и светот“.

Абдулах Шарчевиќ

Истовремено ќе се одржи и церемонијата на прогласување на академик Абдулах Шарчевиќ, за добитник на Светската награда на хуманизмот, за 2021 година.

Градот Охрид, традиционално, на славодобитникот, како награда,  му дарува статуетка на Свети Климент Охридски, во резба, а ќе ја врачи Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид, по што ќе има говор за прифаќање од страна на академик Абдулах Шарчевиќ.

Претходно беше најавено, дека за  славодобитникот ќе говорат академик Георги Старделов - добитник на Светската награда за хуманизам 2020 година и амбасадорот Јордан Плевнеш. За жал, се случи, академик Старделов да почине, меѓутоа неговата беседа тој ја заврши на 30 декември, така што ќе биде прочитана од страна на организаторите.

Досега, организаторот – Светската академија на хуманизмот, манифестацијата ја одржуваше од своето традиционално место, Куќата на Уранија (Македонска академија на науките и уметностите) во Охрид - градот на УНЕСКО.

Годинава, поради ковид-пандемијата и заштитните протоколи,  ќе се одржи преку Интернет, со над 30 учесници кои ќе имаат свои излагања во траење од 5 до 10 минути, додека платформата ќе биде поставена во Скопје, во Кинотеката на Македонија.

Воедно, ќе биде одбележан јубилејот – 15 години постоење на Светската академија на хуманизмот.

Скромниот јубилеј ќе биде искористен, во Охрид, кај месноста Долна Порта - влезот во старото градско јадро, да биде поставено спомен обележје.

Идејата и нацртот се на еден од досегашните добитници на Светската награда на хуманизмот, Светлин Русев, од Бугарија, додека делото уметнички е обликувано од Жарко Башевски.

Програмата, покрај прогласувањето на  академик Абдулах Шарчевиќ од Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина за добитникот на Светска награда на Хуманизам за 2021 година, содржи специјална музичка изведба на „Химната на Свети Климент Охридски“, во изведба на професор Љупчо Коскаров и професор Дарко Мариновски од Интернационал Универзитет Европа Прима.

Учесници на интернационалната  онлајн конференција: „Охридска школа за хуманизам - од средновековната доба до денес, во Европа и светот“, се познати имиња од светот на културата, литературата, политиката, хуманизмот.

В. М.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе