„Звукот на Скопје“ ги разигра скопјани и на дождот (ФОТО)

Вториот ден од фестивалот „Звукот на Скопје“ донесе уште музика со „Баклава“ „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, Бла, Бла, Бла, Дориан и Добрила дуо, „Перија“, „Брука бенд“, „Foolish green“,  изложба на плакати од Игор Калц и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“.

 

Поради дождот дел од настапите, оние предвидени да се одржат на Ибни Пајко, се префрија во просториите на Културно информативниот центар –Скопје, а публиката таму ги исполни салите до последното место и уживаше со секој звук од проектот „Со љубов за Скопје“ на групата „Баклава“, традиционалната музика од Балканот на „Перија“, музичката авантура на Дориан и Добрила Дуо, како и во препознатливите визуелни елементи на колажите на Игор Калц и авантурите на малото куферче од претставата „Куферко, светскиот патник од Македонија“ во која уживаше најмладата публика.

На плоштадот Мајка Тереза, пак, дождот не ги спречи скопјани да дојдат во голем број и да ги следат настапите на бројните македонски бендови кои учествуваа на годинешното издание на „Звукот на Скопје“. Танцуваа и пееја со нив, ја славеа уметноста, се забавуваа. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе