Жељко Бебек на 21 август во Антички театар во Охрид

Покрај Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Екипа, Авалон продукција потврди уште едно големо име кое доаѓа во Антички тетар во Охрид, во последиот квартал на ова лето.

Еден од најголемите пејачи на Балканот на сите времиња, легендарниот Жељко Бебек, со којшто бевме приморани да ги откажеме двата речиси распродадени концерти во Македонската филхармонија, а кои требаше да се одржат на крајот од месец март, овој пат ќе одржи свој концерт на 21-ви август во Охрид на отворено, велат од Авалон.

Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ги изведе неговите хитови од „Сањао сам ночас да те немам“, „Селма“, „Има нека тајна веза“...

Билетите ќе бидат пуштени во продажба онлајн во среда на 15-ти јуни во 9 часот наутро, а од четврток и во Авалон продавницата во ГТЦ и на продажните места во мрежата на Авалон низ земјава.

Капацитетот на Антички ќе биде намален за 50 %, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, а во продажба ќе бидат пуштени само 1.200 влезници. Влезот за сите посетители задолжително ќе биде со заштитни маски.

Сите оние што сè уште ги чуваат билетите за концертите во Македонската филхармонија, ќе може да го гледаат Бебек во Охрид со истите влезници, заменети за ВИП влезници.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе