Загледајте се во „Месечината“ со Кoд 369

„Мјесечина“ е вториот сингл на македонскиот бенд Код 369 (CODE 369), издаден на хрватски јазик за Кроација рекордс. Видеото во продукција на Енкор (Encore Media Production) и Дејан Трајчевски јасно ја пренесува мистичната атмосфера на месечева ноќ. Овој пат, фронтменката на групата Ирена Димовска го испеа „искрениот порив на секое човечко суштество да ги надмине личните и општествените очекувања со инспирација и трудољубивост“.

Со уникатен израз помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, Кoд 369 уште еднаш ги воодушевиja слушателите со авангардни идеи од прва категорија. Текстот за песната го напиша пејачката Ирена Димовска, музиката е на Даниел Митревски, а за аранжманот покрај Митревски се задолжени Иле Лулевски и Коста Стеваноски.



Групата Код 369 е продолжение на долгогодишните музички активности на членовите на битолските Памперс, а во овој проект тие во својата музика внесуваат нов музички момент на фанк, џез и класични инструментализации, кои го вткаија во препознатлива рок база.  

Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи на првите категории и прифатливоста на другата.

Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе – порачуваат од „Кроација рекордс“.



Бендот летово настапи пред хрватската публика на фестивалот СМС 200 во Славонски Брод, каде ги воодушеви и публиката и критиката со изведбите на песните од актуелниот албум „Stages of Love“.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе