На 7 август

За жал, не е лажна вест: на Охридско лето ќе настапи српскиот поп-пејач Јоксимовиќ

Балканската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ е еден од специјалните гости што годинава ќе настапат на фестивалот „Охридско лето“. На 7 август, во Антички театар. Оваа вест предизвика бурни реакции во македонската јавност, главно потсмешливи и со надеж дека сепак се работи за лажна вест. Но не е така.

Од дирекцијата на една од досега најпрестижните културни манифестации на Балканот, „Охридско лето“ ја потврдуваат оваа информација и велат дека програмата ја работат цела година и во согласност со „високите стандарди“ поставени за фестивалот.

„За време на сите настани во склоп на фестивалот ги следиме препораките за заштита од ковид-19. Ќе бидат испочитувани сите владини мерки, намален е капацитетот на посетители, има растојание од два метри. Бројот на гости секако дека ќе биде помал од 500“, само дообјаснуваат одговорните лица од фестивалот не негирајќи ја информацијата за Јоксимовиќ.

Познати домашни музичари се прашуваат дали одговорните од Охридско лето знаат што е разликата меѓу естрада и уметност.

По Енио Мориконе, Иво Погорелиќ, Леонид Коган, Андре Навара, Алдо Чиколини, Рави Шанкар, Џорџ Бенсон, Хенрик Шеринг, Андре Вотс, Мстислав Ростопович, Ѓорѓи Димчевски, Голден Гејт, Борис Березовски, Стефан Миленковиќ… и голем број други големи имиња, ете, дочекавме на програмата на Охридско лето годинава да стои и името на српскиот поп-пејач Жељко Јоксимовиќ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе