За „Даунбит“ третиот албум на Крсте Роџевски е меѓу најдобрите за 2018

Најпознатиот и највлијателниот џез-магазин „Даунбит" (DownBeat) во својот најнов јануарски број го вброи актуелниот албум на Крсте Роџевски „The Rabbit and the Fallen Sycamore" во својата листа на најдобри албумски остварувања во 2018 година.

На листата се и последните албумски објави на Брајан Ино, Вадада Лео Смит, Дејв Холанд, Џо Ловано и Дејв Даглас, Бред Мелдау, Џошуа Редман, Камаси Вошингтон, Ник Барч Ронин, Метју Шип и други великани на џез музиката денес. Ова е несомнено едно од најголемите признанија што некој македонски музичар го има било кога добиено од реномираната светска музичка критика.

Третиот студиски проект на Роџевски доживеа блескави критики и рецензии и во другите влијателни музички списанија, магазини и вебзини како: „Вајр“ (WIRE), „Стереогам“ (Stereogum), „Ол абаут џез“ (All About Jazz), „Џез корнер“ (Jazz Corner), „Џез викли“ (Jazz Weekly), „Авант мјузик њуз“ (Avant Music News), „Бродвеј ворлд“ (Broadway World) и други.

„The Rabbit and the Fallen Sycamore” е, всушност, третиот дел од трилогијата „Апоптоза“ (Apoptosis) на Роџевски, по првенецот „Batania” и неговиот наследник „Bitter Almonds”. Албумот, како и претходните два, го издаде ‘Much Prefer Records’, го продуцираа Тома Фуџивара и Крсте Роџевски, а го миксаше легендата Бил Ласвел. Импресивната екипа музичари на оваа плоча, предводена од Роџевски, ги вбројува Мери Халворсон (гитара), Крис Дејвис (пијано), Ингрид Лауброк (саксофон), Брајан Драј (тромбон), Мајкл Бланко (бас) и Тома Фуџивара (тапани).

По њујоршката промоција „The Rabbit and the Fallen Sycamore” ќе биде промовиран и во Скопје, во среда, 19 декември, во кафе „Винил“, со почеток во 21 часот.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе