Второ издание на Скопје анплаг на бината на винаријата Камник (ФОТО)

Посетителите на овогодинешното издание на Скопје анплаг (Skopje Unplugged) во петокот на бината во винаријата Камник, и со почитување на здравствените протоколи, имаа уникатна можност да чујат едни од најголемите македонски музички изведувачи во специјално прилагоден акустичен сет.

 

„Почитувајќи ги сите препораки на надлежните институции за заштита од коронавирусот, како и одлуката на Владата за одржување концерти и настани на отворено, Skopje Unplugged 2020 покажа дека е возможно музиката да не сплоти и да не поврзе дури и во услови на запазена физичка дистанца“, наведуваат организаторите на манифестацијата ЈУ Универзална сала.

На овогодинешното издание на Skopje Unplugged фокусот беше целосно ставен на македонски изведувачи, на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни времиња.

Започнувајќи во 7:07 часот попладне, на самото зајдисонце, фестивалот го отвори Сара Мејс, со изведба на нејзините најголеми хитови. Приустните потоа ги забавуваше групата Фолтин, во уникатен акустичен стил со изведба на  „Везилка“, „Милице“.

За крај на концертот, свој настап имаше Тамара Тодевска со својот бенд и акустична изведба на дел од песните кои ја одбележаа нејзината богата кариера.

Фестивалот Скопје анплаг е во организација на ЈУ Универзална сала, под покровителство на град Скопје и со поддршка на винаријата Камник.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе