Во МКЦ в недела концертна промоција на албумот на младата група „Линколн летер“

Албумот насловен „Bedtime Stories” на младата група Lincoln Letter ќе биде концертно промовиран в недела, на 29 декември во МКЦ. Концертот ќе се одржи во 20 часот во Денсинг салата во МКЦ, влезот е слободен за сите посетители.

„Lincoln Letter” се млад рок бенд од Скопје кој неодамна го издаде својот прв албум. Нивната музика е инспирирана од музиката на вестерн филмовите и е отсвирена во современ рок формат. Албумот содржи 12 песни – секоја од нив со посебна вестерн приказна. Снимен е во 2019 година во Скопје и Куманово, а продуценти се Ади Имери, Милош Краљевски и самиот бенд.

„Ќе излажеме ако кажеме дека не сме возбудени пред нашиот прв самостоен концерт. Промоцијата на албумот е настан кој уште од почетокот на бендот ни бил една од главните цели и радости. „Bedtime Stories” е нашиот прв албум и со нетрпение чекаме конечно да го споделиме со публиката и да ги чуеме нивните реакции, бидејќи до последен момент го работевме со сите наши креативни потенцијали. Ветуваме дека ќе е многу гласно”, вели фронтменот Јаков Наумоски.

„The man who became legend“, е нивниот прв сингл и спот – сниман како вестерн филм, чија промоција беше на 29-ти ноември во рамки на „Skopje Design Week”. По точно еден месец следува првата можност да се слушне целиот албум во живо во Денсинг салата на МКЦ, а после концертот ќе бидат достапни и бесплатни download кодови за албумот.

Членови на „Линколн летер“ се: Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски и Стефан Сајковски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе