Во ФМУ концерт на на пијано дуото Пехчевски – Нарашанова

Со изведување на композиции од Бетовен, Шуберт и Мошковски, во четврток со почеток од 20:00 часот во концертната сала на ФМУ, ќе настапи пијано дуото составено од професорот Зоран Пехчевски и Теодора Нарашанова. Тие на концертот ќе изведуваат композиции за пијано за четири раце напишани од Сен-Санс, Мусоргски, Реге и Бах.

Зоран Пехчевски е редовен професор по пијано и камерна музика на Факултетот за музичка уметност со долгогодишно уметничко и педагошко искуство, а во периодот од 2016 до 2018 е декан на Факултетот за музичка уметност.

„Јас студирав во неговата класа и идејата за концертот беше негова. Овој настан го организираме самоиницијативно и со голем ентузијазам. Концерти од ваков калибар се многу ретки бидејќи не многу често професорите решаваат да настапат во дует со нивните студенти“, изјави Нарашанова.

Таа вели дека за неа најголем предизвик е тоа што со нејзиното музицирање треба што е можно повеќе да се доближи до нивото на нејзиниот професор, Пехчевски.

Теодора Нарашанова е дипломиран пијанист од 2017, токму од класата на професорот Пехчевски. Таа била активен учесник во подготовката и концертите во склоп на музичката академија во Лилиенфелд, Австрија во период од три години 2015-2017, а веќе во 2018 станува доцент на летната музичка академија.

„За мене ова е шанса многу да научам и да напредувам, но истовремено е голема одговорност бидејќи кога свирите дуо пијано или свирите во состав треба да звучите како еден човек, да комуницирате преку музика, а во процесот на подготовка да функционирате како две еднакви еднакви индивидуи“, вели таа.

Влезот е слободен.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе