Во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Со дефиле на фолклорни групи и друштва од државата и светот кое ќе се одржи на Широк Сокак и со орото „Комитско“ кое ќе се одигра на отворена сцена во поранешното ракометно игралиште, вечерва во Битола почнува 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

На петте фестивалски вечери, стандардизирани според Светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ, во Битола ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури.

Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на големиот културен настан информираат дека фестивалот 49 години се организира во чест на народната култура и безбројните народни уметници кои од градот под Пелистер, на Илинден, ќе испратат пораки за мир, љубов и пријателство.

Според програмата, на првата фестивалска вечер ќе настапат КУД „Илинден“- Битола, ансамбл „Македонија“- Скопје, културно уметничките друштва „Ристо Донев учителот“- Штип, „Русалии“ од Секирник, „Јане Сандански“ од Неготино, „Китка“-Истибање и „Ибе Паликуќа“ од Скопје, а од странство на фестивалската сцена ќе се претстават гостите од Белгија, Индија, Израел и Мексико.

Републичкиот фестивал на народни песни „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Македонија.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе