Во Битола почнува фестивалот „Балкан гала 2022“

Со Рок симфонија и настап на домашни, балкански, како и интернационални артисти, вечер на ракометното игралиште во Битола почнува дводневниот фестивал „Балкан Гала 2022“.

Дел од вечерашното отворање ќе бидат Ристо Вртев, Гиле (Електрични Оргазам), Ружица (Ареа), Пеце (Суперхикс) и добро познатите и редовни гости на Рок симфонијата на Камерниот оркестар на Битола (КОБ), Михајло Трајковски – Сак и Жарко Јакимоски.

„Речиси една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти низ Македонија на скоро сите фестивали, но и на најголемите фестивали низ целиот Балкан. „Балкан Гала“ е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола. Публиката секоја година во се поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на „Балкан Гала“ кој полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година и секое издание ги проширува границите за артистите што гостуваат“, велат организаторите.

По завршувањето на Рок симфонијата, во 23 часот, забавата ќе продолжи со британскиот ди-џеј Дарен Емерсон (екс фронтмен на легендарните „Underworld”), како и со Горан Кан и Херцел од Македонија.

Утрешната вечер е резервирана за Поп симфонија, под диригентство на маестро Владимир Димовски, а ќе настапат домашни и странски артисти меѓу кои Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски… 

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе