Влатко Стефановски специјален гостин на концертот на Стинг во Скопје

Светската музичка ѕвезда Стинг на 2 јуни годинава ќе настапи на градскиот стадион во Скопје. Концертот е во рамки на неговата турнеја „My songs", а специјален гостин ќе биде Влатко Стефановски.

Од Авалон продукција информираат дека во рамки на настанот „Skopje Calling“, Стинг ќе понуди несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „The Police“ и од соло кариерата.

Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само неколку од песните што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња. Според информациите што ги добивме, скопскиот концерт на Стинг е најпродаван од сите досегашни концерти што се објавени во рамки на неговата „My songs“ турнеја во Европа што трае три месеци“, изјавија од Авалон.

Бобан Милошески од Авалон рече дека ова е нивниот најамбициозен проект и дека очекува околу 25 до 30 илјади публика, зашто како што рече, рокенролот е одбрана музика и тоа е реална посетеност за државата и блискиот регион.

Специјалниот гостин на концерот Влатко Стефановски вели дека Стинг отсекогаш му претставувал инспирација, и со неговото ново трио со едночасовен настап, ќе се обиде да ја подготви публиката за концертот на британската мега ѕвезда.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе