Денеска во Панчево

Влатко Стефановски на регионална турнеја

Музичкиот уметник со светско реноме, гитаристот Влатко Стефановски тргнува на регионална турнеја. На концертите, покрај добро познатите хитови, ќе го претстави и новото студиско издание „Taftalidza Shuffle".

Подмладената тројка, која покрај Влатко ја сочинуваат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара, ќе ја започнат својата летна турнеја денеска во Панчево, по што ќе заминат за Хрватска.

Триото Влатко Стефановски в петок ќе настапи во Загреб на „Бундекфест", а следниот ден во Осијек. Турнејата продолжува на 4 јули со концерт во Палиќ, по што следат настапи во Трогир на 9 јули, во Шибеник на 10 јули и на Брач на 11 јули.

Словенечката публика ќе има можност да види концерт во Нова Горица, на 17 јули, додека на 20 јули, Влатко Стеафановски ќе настапи во Будва, на култната манифестација „Град Театар".

На 30 јули ќе има голем концерт на стадионот „Ташмајдан" во Белград.

„Влатко Стефановски покажа ненадмината техника и уникатен сензибилитет подеднакво успешно во етно и рок, но и во блуз, фанк и џез – жанрови кои го обликуваа неговиот музички пат и го обележуваа како уметник. Во текот на својата кариера, Влатко ја делеше сцената со најголемите гитаристи во светот, вклучувајќи ги Томи Емануел, Јан Акерман и Сточело Розенберг, а регионалната публика секогаш покажуваше длабока почит и интерес за неговата музика“, порачува „Croatia Records".

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе