За исклучителни достигнувања

Влатко Стефановски го доби највисокото дискографско признание во Хрватска

Едно од најголемите гитарски имиња во регионот и во светот во моментов, Влатко Стефановски, го доби најголемото дискографско признание во Хрватска – Multi-platinum award на Хрватското дискографско здружение. Признанието му е доделено за исклучителни дискографски достигнувања во музиката

Како што информира Иван Бечковиќ, експерт и супервизор за некои изданија во „Кроација рекордс" за земјава, големото признание му беше врачено на концерт во салата „Ватрослав Лисински" во Загреб, каде со својата екипа настапи на 7 декември, и тоа лично од Желимир Бабогредац, председател на Хрватското дискографско здружение и директор на „Кроација рекордс".

Стефановски на регионална музичка сцена, а и пошироко, е познат како водач на култните „Леб и сол", по што изгради успешна соло-кариера. Освен на полето на рок музиката, Стефановски е успешен и како композитор на театарска и филмска музика, но и како учесник на многубројните проекти со светски музичари и е вистински музички амбасадор.

На концертот во Загреб тој го промовираше актуелниот албум „Taftalidze Shufle", настапувајќи со своето Трио, во кое е неговиот син Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукуќ (бас гитара), на кое му се приклучи и Дамир Имери на клавијатури и Хемонд оргуљи, па во еден миг тоа стана квартет.

Два и пол часовниот концерт започна со легендарната „Успаванка за Радмилу М.", а во македонскиот традиционал „Елено, ќерко", на сцената се придружи и Раде Шербеџија, кој, зборувајќи за соработката со Стефановски, кажа: „Искреното пријателство е најважно од се". Нивното пријателство трае цели 40 години...

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе