Три гонга

Владимир Четкар со септет ќе одржи концерт во „Станица 26“ во Скопје

Во организација на „Три Гонга“, на 17 јануари во „Станица 26“, со почеток во 21.30 часот, ексклузивен концерт во Скопје, непосредно пред неговата турнеја низ северна Америка, ќе одржи еден од најуспешните интернационални музички експорти од Македонија, Владимир Четкар.

„Концертот во Скопје нема посебен повод, а ќе настапам со моја авторска програма од претходните два албума, како и со неколку нови композиции. За прв пат во Македонија ќе настапам со септет, а досега со септет настапував само на концерти надвор од МК. На турнејата во САД потоа ќе настапувам со авторска програма и со американски музичари“, изјави Владимир Четкар, кој овие денови празниците ги поминува во својот роден Охрид.

Во групата на Владимир Четкар - гитара, вокал, композиции и аранжмани, на концертот во Скопје ќе настапат Демир Кантуровски - труба, Борислав Веселинов - тенор саксофон, Филип Стевановски - тромбон, ТБА - клавијатури, Ѓоле Максимовски - бас и Виктор Филиповски - тапани.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе