Владата реши прв директор на македонскиот КИЦ во Тирана да биде Ориѓански

Музичарот Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на новиот Културно-информативен центар на Македонија во Тирана, одлучила Владата.

Предлогот доаѓа по потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Албанија за основање Културно-информативен центар на Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Албанија во Скопје.

„Двете институции се формираат за да организираат во своите простории библиотеки и читални, да издаваат или увезуваат публикации кои се однесуваат на културните и научните информации од својата земја. Исто така, ќе прикажуваат филмови во и надвор од своите простории, со посредство на институциите во земјата домаќин, ќе организираат литературни, научни и други предавања проследени со визуелни илустрации или музички изведби и ќе организираат во своите простории секаков вид изложби“, информираат од Министерство за култура.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе