Охридско лето

Вечерва во „Света Софија“ концерт на руските уметници Шаповалов и Вершинин

Музичката програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на руските уметници Денис Шаповалов на виолончело и Александер Вершинин на пијано.

За маестро Шаповалов познатиот Мстислав Ростропович рекол дека е брилијанен талент, на што треба да биде горд. Она што го издвојува Шаповалов од останатите надарени виолончелисти во светот е неговото комплексно продирање во суштината на делата што ги изведува, неверојатната техника и исклучителна експресивност. Сето тоа било препознаено на 9-тиот Интернационален натпревар „П.И. Чајковски“ во 1998 година кога му е доделена прва награда и златен медал со едногласна одлука од жири-комисијата.

Шаповалов бил постојано прв избор на Маестро Ростропович како солист при настапите со оркестар и тоа во Русија, Велика Британија, САД, како и на неговите фестивали во Азербејџан и Франција. Во чест на 75-от роденден на Ростропович, Шаповалов учествува на концертите во Лондон и Њујорк заедно со прославените Максим Венгеров, Евгениј Кисин, Марта Аргерич, Јуриј Башмет.

Покрај како солист, Денис Шаповалов, гради кариера и настапува и како диригент, одржува мајсторски курсеви и компонира. Неговите дела се одлично примени од критиката и публиката.

Рускиот пијанист Александер Вершинин дипломира и магистрира со почести на Московскиот конзерваториум по што му е доделено професорско место. Веќе 25 години тој предава не само на тој конзерватиориум, туку од 2009 година има своја класа на Универзитетот Сакујо во Јапонија. Како млад пијанист добитник е на неколку значајни награди и признанија – лауреат е (Втора награда) на Првиот интернационален натпревар во спомен на Владимир Хоровиц, а на него му е доделена и специјалната награда за најдобра интерпретација на дело од руски автор. Добитник е и на диплома од XI-от натрпревар „Џина Бахауер“ во Солт Лејк Сити.

Тој е основач и уметнички директор на различни проекти меѓу кои крос-овер фјужн проекстот „Индија во Сино“,  „Класика и џез“,  како и серијата класични концерти со наслов „Историски концерти“.  Неоговото авторско дела „Свита Бајки“ за соло глас, саксофон, џез пијано трио и гудачки оркестар се здобива со одличен прием кај публиката но и кај стручната музичка јавност во Русија.

Концертот е во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе