Скопско лето

Вечерва во Сули ан концерт на младинскиот камерен оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“

На претпоследниот ден од годинашната фестивалска програма, „Скопско лето" вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе организира концерт на Младинскиот камерен оркестар „Саша Николовски-Ѓумар" на Музичката младина на Македонија.

Диригент на концертот е Олег Кондратенко, а како солисти ќе настапат виолинистката Софија Никоска и саксофонистот Иван Трајановски. Од Дирекцијата на фестивалот соопштија дека алтернативен простор во случај на невреме ќе биде Музејот на македонската борба. Влезот за посетители е слободен.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) е основан во 1986 година како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид. Ансамблот е  составен од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од гости и млади музичари од други земји.

Оркестарот има реализирано повеќе од стотина концерти. Покрај класичен репертоар, изведува и современи дела, вклучително и од македонски автори. Има остварено повеќе телевизиски и радиоснимки, како и сопствена ЦД-продукција.

Завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е постојан дел на програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во изминатите десет години и на манифестациите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе