Вечерва во Националната опера и балет повторно ќе биде изведен балетот „Либертанго“

Националната опера и балет вечер од 20 часот повторно ќе ја изведе балетската претстава „Либертанго" од Астор Пјацола, која раскажува за создавањето и патот на тангото.

„Уличен танц што го достигнува врвот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето… Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена“, соопшти НОБ.

Режисер и либретист е Наташа Поплавска, кореограф Сабрина Боско од Италија, а сценограф и костимограф Александар Ношпал.

Настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска-Шокаровска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Марија Јосифовска-Ристовска, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев, Ендру Кук, Марко Здравковски, Драган Кочоски, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет. 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе