Вечерва виртуозот на виолончело Даниел Милер-Шот, солист со Македонската филхармонија

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови" вечер во 20 часот, како солист ќе настапи германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот.

Тој се смета за еден од најистакнатите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот.

Од Македонската филхармонија информираат дека овој амбасадор на музиката на 21 век, за македонската публика ќе го изведе концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович.

Диригент на концертот, за првпат во Македонија, е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премира) од Клод Дебиси.

Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Во 2017 година, маестро Гамба се враќа на Би-Би-Си промс, диригирајќи со врвниот џез-ансамбл „Bang on a Can All-Stars“ заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар, како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголето“…

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе