Национална опера и балет

Вечерва велигденски концерт на ансамблот „Танец“

Ансамблот за народни игри и песни „Танец" вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен „Велигденско будење".

Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес.

Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец” кој со овој концерт ја почнува  јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”.

„Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности“, соопшти „Танец“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе