Oхридско лето

Вечерва „Либертанго“ на сцената „Долни сарај“ во Охрид

Програмата на „Охридско лето" вечерва нуди две содржини и тоа модерната балетска поставка „Либертанго" на сцената „Долни Сарај" од 22 часот и солистички концерт на уметникот на пијано Оли Мустонен од Финска.

Балетската претстава „Либертанго“ на Астор Плацола е приказна што го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

На почетокот на минатиот век во Аргентина често има прилив на емигранти од Европа, а најмногу од нив биле Италијанци и Шпанци. Аргентина е новата ветена земја, земја што им давала надеж на сиромашните Италијанци, емигранти кои во почетокот на 20 век тргнале да бараат подобар живот. Оваа приказна ни го покажува патот на италијанското семејство Пјацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пјацола, кои ја доживуваат Аргентина како земја на нивната иднина.

Мајката на Астор, Асунта Пјацола е пријателка со познатата италијанска танчарка Каменсита Кармен Калдерон која е една од првите танго-танчарки во Аргентина. Таа е исто така италијанска емигрантка која го развива тангото заедно со другите танчари. Пренесувајќи ги танго-чекорите на Асунта и Висенте Пјацола, тие заедно го развиваат овој танц. Истовремено во Аргентина на улиците се игра и танцот на италијанските емигранти. Низ тешкиот живот на емигрантите во Аргентина гледаме како Астор со својот мал банденеон, уште како дете почнува да ужива во танго-нотите, во џез-музиката како и во класичната музика. Растејќи по улиците на Буенос Аирес, поддржан од родителите, сè повеќе се вљубува во музиката. Со неговата музика тој ја привлекува и својата прва љубов, Деде Вулф со којашто подоцна се жени. Тој и натаму инспириран од танцот што го играат и мајка му Асунта и нејзината пријателка Калдерон, а воден од страста и љубовта кон Деде создава музика со силни емоции.

Тангото долго време му е инспирација на младиот Пјацола. Низ приказната на неговите родители, љубовта кон жената и страста кон танцот и музиката, Астор расте, а со него расте и тангото насекаде низ светот. Понесен од играта и од страста на младата танчарка Марија, таткото на Астор почнува да танцува пред публика заедно со Марија Нивес во „Кафе бар – Буенос Аирес“. Во овој најпознат кафе бар во Буенос Аирес за прв пат ќе се спојат неколку различни танго-играчи: Висенте, Карлос, Калдерон, Асунта и Мариjа, а со нив ќе почнат да танцуваат и останатите танчари. Новосоздадената авторска музика, исполнета со страст и љубов, се распостила по сиот свет. Либертанго на големиот Астор Пјацола, кој се раѓа токму во Буенос Аирес, каде што живее и твори музика, отвора нов правец на тангото наречен ново танго (Tango Nuevo). Со креативниот подем на овој редок и светски познат композитор со нови звуци се преплавуваат светската музичка и танцова сцена, а тангото го задржува своето високо значајно место. Музиката на Пјацола ги спојува џезот, класиката и музиката на трите народи: Италија, Шпанија и Аргентина. Живеејќи меѓу улицата, клубот, музиката и танцот, класиката, џезот, универзитетот и талентот, помеѓу Буенос Аирес и Париз, Астор Пјацола ја создава една од најубавите танго-композиции на 20 век, „Либертанго“.

„Либертанго“ го сочинуваат балетските уметници Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска Шокаровска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова.

Инаку, оваа година се одбележува 70-годишнината од постоењето на македонскиот балет како најмлада сценска уметност. Историските почетоци на кои што почива денешното балетско творештво се нераскинливо поврзани со заложбата на генерациите балетски играчи, педагози, репетитори, кореографи во афирмирањето на балетската уметност во Македонија и надвор од неа и создавањето на балетската традиција.

Балетот е жива уметничка форма и всушност силата на традицијата е во нејзиниот развиток. Благодарение на создадената традиција од претходните генерации, балетски дејци, ние денеска можеме да го продолжиме исконското верување и респект што го носиме во себе кон македонскиот балетски театар и одржувајќи ја класичната балетска традиција да се вивнеме во новиот јазик на модерниот балет.

Музичката вечер на „Охридско лето“ и сцената во црквата „Света Софија“ вечерва е резервирана за финскиот пијанист, маестро Оли Мустонен. Во неговата биографија е запишано дека започнува да учи пијано на само петгодишна возраст, а негов учител бил еминентниот пијанист Ралф Готони. Само две години подоцна, започнува да учи композиција со еден од најпознатите фински автори на современа музика Еинојухани Рутаваара.

Како и неговиот сонародник Еса Пека Салонен, Оли Мустонен во светот е познат по неговите врвни интерпретации на пијаното, додека пак во родната Финска е многу ценет како композитор.

Мустонен исто така е ангажиран и како диригент на Фестивалскиот оркестар во Хелсинки кој самиот го основа. Покрај тоа го предводи оркестарот Тапиола Симфониета и е уметнички директор на Музичкиот фестивал во градот Турку. Во 1991 година потпишува ексклузивен договор со издавачката куќа Дека за која снима ЦД со Прелудиуми од Шостакович и Алкан, издание кое е наградено од страна на списанието Грамофон за Најдобра инструментална изведба. Голем број од снимените материјали на Мустонен ги издава финската компанија „Ондине“. Како инструменталист е особено активен на концертните подиуми во Европа и Австралија, а композиторот Родион Шчедрин му го посветува Концертот за пијано и оркестар бр. 5

Издавачката куќа „Шот“ ги издава композициите на Мустонен, неговата Токата за пијано, гудачки квартет и контрабас од 1989 година го позиционира на композиторската сцена, по што тој пишува Три Мистерии за оркестар (2003), неколку концертни дела, дела за соло пијано и повеќе композиции за виолончело. На камерната сцена соработува со виолончелистите Стивен Исерлис и Данијел Милер Шот особено за изведбите на авторските дела. Неговата прва симфонија „Тури“ е порачка на Филхармонијата од Хелсинки, а веднаш по премиерата на делото во 2012 година, оркестарот бара од Мустонен да напише уште едно симфониско дело.

Концертот е со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе