Вечерва концертна изведба на „Травијата“ во НОБ

Во Националната опера и балет вечер концертно ќе биде изведена Вердиевата „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ. „Травијата“ концертно ќе биде изведена и на 18 декември.

Со врвна солистичка екипа во улогата на Виолета Валери настапуваат Нада Талевска Спасовска (вечерва) и Ана Дурловски (на 18 декември), Алфред Жермон е Благој Нацоски, Жорж Жермон е Ристе Велков (16.12) и Борис Трајанов (18.12), Александра Василевска Лазаревски (16.12), Марика Поповиќ (18.12), Дејан Стоев, Драган Ампов, Борко Биџовски, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Од НОБ посочуваат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе