Во Македонска филхармонија

Вечерва концерт на Илкоски и Имери во Филхармонија

Младите афирмирани уметници – виолинистот Бојан Илкоски и пијанистот Дино Имери, кои како дуо во изминатите седум години имаа заеднички концерти во земјава и во странство, вечер од 20 часот ќе настапат во камерната сала на Филхармонијата.

Публиката ќе има можност да ја слушне премиерно новата програма која уметниците напролет ќе ја изведуваат низ повеќе европски метрополи, почнувајќи со ексклузивен рецитал на престижниот Љубљана фестивал во Словенија.

На програмата се дела од Кодаи, Дебиси, Крајслер, Виењавски, Изаи, Бацини, К. Петровски/Дамир Имери. Концертот се реализира во соработка со Еуромак и Филхармонија.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе