Вечерва концерт на „Фолтин“ во Струга, следуваат Прилеп и Велес

По повод 25 години од првиот концерт на „Фолтин“ и промоцијата на најновото студиско издание „Симултан бакнеж“ предвидени се три концерти. Првиот концерт ќе се одржи вечерва, во 21 часот, на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

„Фолтин“ в чеврток, на 29 јули ќе одржи концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. На 31 јули „Фолтин“ ќе има концерт во амфитеатарот во Велес.

Од „Фолтин“ најавуваат дека ќе се свират најновите и најубавите стари песни.

Концертите се финансиски поддржани од Министерство за култура и се во соработка со Центрите за култура од наведените градови и Општина Велес.

Почетокот на концертите е во 21 часот, а влезот е бесплатен. 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе