Вечерва „Гитаријада“ во Куманово, Мизар како специјални гости

„Гитаријада Куманово 2022“ е трето, возобновено издание на оваа рок - манифестација која годинава има ревијален карактер, а како специјален гостин е најавена групата Мизар.

„Гитаријадата е настан врежан во трајната меморија на кумановци, како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук. Оваа година Гитаријадата ќе биде од ревијален карактер, а како главен акт доаѓа култниот и еден од најдобрите бендови на балканските простори  Мизар. Бенд, кој статусот култен го постигнува веднаш по излегувањето на нивниот деби албум во 1988, кој што е прогласен за најдобар албум во тогашна Југославија. Локална поддршка за Гитаријада Куманово 2022 ќе биде и настапот на кумановскиот метал бенд Cursed Heart, а покрај нив ќе настапат и Nomad“, изјави в.д. директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски.

Тој ги повика сите љубители на алтернативната култура да го посетат годинашното издание на „Гитаријадата". Влезот е слободен.

Фондацијата за култура и спорт под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово го организира третото возобновено издание на кумановска гитаријада „Гитаријада – Куманово 2022".

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе