Вечерва „Аида“ на отворено на платото пред НОБ

Во изведба на солисти, хорот и оркестарот на Националната опера и балет вечер на плоштадот „Мајка Тереза" на платото пред Националната опера и балет, ќе биде изведена операта „Аида“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите, под диригенттство на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.

Величествената опера „Аида“ од Верди на отворено под ѕвездите

Како што соопшруваат од МОБ, ремек делото „Аида“ е една од највеличествените оперски творби во музичката литература. Во музичка смисла „Аида“, според музиколозите е музичко чудо составено од мелодиска убавина и имагинативна оркестрација, накратко триумф на творечката имагинација.

„Овој пат, заради состојбата со пандемијата и пропратните протоколи, грандиозната „Аида“ е конципирана во поинакво руво, во скратена концертна верзија, со мошне внимателен избор на оркестарски и солистички фрагменти, притоа не нарушувајќи ја главната нитка на содршжинскиот набој“, наведуваат од МОБ.

Настапуваат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Даниела Дјакова од Бугарија, Игор Дурловски, Владимир Саздовски, Марјан Јованоски, Александра Лазаревска Василевски, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Концерт-мајстор е Верица Ламбевска, одговорен за светло дизајнот e Милчо Александров. Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Во случај на лоши временски услови, како што наведуваат, можна е промена на датумот на одржување на претставата. Билетите се во строго ограничен број на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на operabalet.mk. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе