Концерт на „Чепкало“ во Јавна соба

Вечерта кога Преспанскиот договор беше задушен од музика (ВИДЕО)

На концертот на „Чепкало“, музичка група од Грција, кој вчера се одржа во Јавна соба во Скопје не ни требаше преведувач, не ни требаше идентификација, не ни требаше никаква одредница... ни требаше само добра волја и убава мисла. Хриса, Катерина, Mирто и Коста со преработките на македонски и грчки народни песни од „северозападна Грција и пошироко“ ни покажаа што значи „љубов насекаде и слобода“.

На својот прв концерт во Македонија „Чепкало“ изведоа бројни македонски и грчки народни песни. Тројца од нив се Грци, а Хриса е Македонка по потекло од Лерин. Се слушаше грчкиот јазик, македонскиот јазик, песните се најавуваа на англиски и на македонски јазик... никој со тоа немаше никаков проблем.

За време на концертот во позадина цело време одеа фотографии од Преспа и Дојран. Водата, небото, природата се симбол на слободата, на слободното движење, рибите кога пливаат немаат граница, птиците кога летааат, воздухот што го дишеме е тој, треба да се научиме слободно да зборуваме, песните имаат и зборови, не се неми, без зборови..., го објасни Хриса Пападопулу, која по потекло е од Овчаране, Леринско, значењето на нејзините фотографии.

Нашето мото е - љубов насекаде, ни порачаа „Чепкало“ и заминаа на вечерашниот концерт во родното село на Хриса.

А.Д.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе