Вечер во Филхармонијата концерт на германскиот „Мингет квартет“

Во организација на Гете-институтот, вечер од 19.30 часот во Филхармонијата концерт ќе одржи германскиот гудачки квартет „Мингет квартет" (Minguet Quartett), на кој ќе бидат изведени дела од Клара и Роберт Шуман и од Јоханес Брамс.

„Сите љубители на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во неповторливата изведба на најреномираниот германски гудачки квартет“, соопшти организаторот.

Основан во 1988 година, квартетот ја црпи инспирацијата од класично-романтичната музика, но инспирација му се и современите музичари и нивното творештво што го поттикнува да создава нова фузија од музички тонови. Влезот за концертот е слободен.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе