Вечер отварање на меѓународниот хорски фестивал „Скопје пее“

Десет хорови од земјава и од странство од денеска до сабота ќе имаат изведби на неколку локации во главниот град во рамки на првиот Меѓународен хорски фестивал „Скопје пее“, организиран од ЈУ „Универзална сала“ со поддршка на Град Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат хорски перформанси на класична музика, преку џез и рок ерата, сѐ до современата популарна музика, а целта на фестивалот е  да ја доближи хорската музика до граѓаните и вљубениците во музиката на несвојствен начин, поставувајќи ја на улиците и плоштадите во Скопје.

Фестивалот ќе биде отоврен вечер во 21 часот со настап на хоровите на Школка во Градски парк. Дел од хоровите утре од  20.30 часот ќе настапат на Културното лето „Карпош 2019“ на плоштадот „Делфина“, а дел во 21 часот во Паркот на езерата во Аеродром, во склоп на настанот (Back to School Week).

Сите хорови што ќе учествуваат на „Скопје пее“ (Skopje Sings) ќе настапат на свеченото затворање на првото издание на фестивалот на 31 август во Филхармонијата.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе