Охридско лето

Украинска вечер на флејта и хармоника со уметниците Божена Корчинска и Богдан Кожушко

Седумнаесетиот ден од годинешното 59-то издание на „Охридско лето“ носи несекојдневно музичко доживување со украинските инструменталисти Божена Корчинска на надолжна флејта и Богдан Кожушко на хармоника.

Дуото Корчинска – Кожушко ќе изведат несекојдневна програма насловена како: „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“. Тие се редок инструментален состав – украинската надолжна флејта и хармоника. Страсниот ентузијазам на музичарите за малку познатите ремек-дела од жанрот на музичките минијатури, виртуозната музика за флејта и свежиот звук на барокните хитови на хармониката ќе ги предизвика сетилата на слушателите пред сѐ поради спецификите на инструментите и изборот на програмата која хармонично ги обединува во себе делата на древните епохи и музиката на 20-тиот век.

Корчинска е виртуозен изведувач на украинска надолжна флејта, наследничка на професионалната уметност на свирење на украинскиот кавал, основана од нејзиниот татко Мирослав Корчинскиј.

Коричинска соработува со мајсторите за оптимизирање на конструкцијата на инструментот, а исто така го проширува репертоарот и отвора нови можности на инструментот. Од 2000 година таа е организатор на Отворениот натпревар на кавалџии и блок флејтисти во Украина. Соработува со бројни ансамбли и солисти.

Богдан Кожушко студира на Националната музичка академија „М. Лисенко“ во Лавов во класата по хармоника на проф. Јарослав Олекскив. Во 2018 година започнува да учи и оргули во „Халациана школа Канторум“. Учесник е на бројни натпревари и фестивали и се закитува со награди на повеќе од нив .Учествува на семинари кај чембалиската Даниела Долчи во Швајцарија, кај полскиот чембалист и оргулист Марек Топоровски во Полска, кај познатиот полски хармоникаш Клаудиуш Баран итн. Настапува како солист во Украина, но и надвор од неа во Полска, Германија и Литванија. Соработува со повеќе ансамбли во Украина и настапува на бројни фестивал во родната земја и во странство.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе