Турското дуо Улуџан вечер на „Охридско летo“

 Третиот фестивалски ден на „Охридско лето“ предвидува концерт на турското дуо Озџан Улуџан на виолина, во пијано-придружба на Бирсен Улуџан.

Виолинистот Озџан Улуџан е роден во Бугарија, во семејство во кое уметноста била многу почитувана. Студирал во Бугарија, Турција, В. Британија и Германија со Здравка и Веселин Спирови, Грета Бурива, Ифрах Ниман, Виктор Пикајзен, Џошуа Епштајн и Максим Венгеров кој го нарекол „еден од најуспешните студенти, вистински следбеник на мојата филозофија на сцена…“.

 Улуџан има остварено настапи со англискиот камерен оркестар, „Амстердам Синфониета“, Виенскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар „Франц Лист“, оркестарот „Филхармонија“ во Лондон, музицирано во престижни концертни сали како „Ројал Алберт Хол“, „Концертхаус“ во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, како и на фестивалите во Будимпешта и Лудвигсбург. Во Амстердам настапува заедно со Максим Венгеров со оркестарот „Амстердам Синфониета“ под диригентската палка на легендарниот, маестро Мстислав Ростропович. Покрај концертната кариера тој е и професор на Конзерваториумот „Мимар Синан“ во Истанбул. Улуџан е основач на ансамблот за нова музика „Хезарфен“.

Бирсен Улуџан е родена во Бугарија и учела пијано во музичкото училиште во Варна со Е. Цветкова, на Истанбулскиот државен конзеравториум со М. Јапали и на Школата за музика „Гилхол“ во Лондон со Џ. Хавил. Магистрира на Сити-универзитетот во Лондон.

Настапува низ цела Европа и тоа со водечките оркестри во Турција, со Виенскиот камерен оркестар, со камерниот оркестар „Франц Лист“, а одржува концерти и на реномираниот фестивал „Моцартеум“ во Салцбург, на Истанбулскиот фестивал и на Фестивалот „Флан“ во Франција. Настапува заедно со реномирани музичари како Марата Гулјас, Максим Венгеров, Ричард Роса, Изабел ван Кулен, Фернандо Перез, Кристијан Полтера, Озан Тунча, како и со нејзиниот брат и сестра – виолинисти Ајшен Улуџан и Озџан Улуџан. Покрај кариерата како солистка и камерен музичар, Бирсен Улуџан е посветен педагог на студенти на ниво на конзерваториум, но и на работа со најмладите.

Вечерашниот концерт ќе се одржи на сцената во предворјето на катедралната црква Света Софија со почеток од 21 часот.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе