Зачувување на изворната народна музика

Tриото од Теарце за само една година стана преродбеник на македонското традиционално пеење

Tриото „Кладенец" од тетовско Теарце за кратко време по своето основање успева да ги привлече младите да ја слушаат традиционалната изворна музика, што во минатото речиси и да било незамисливо. По неколкуте стотици илјади прегледи на социјалните мрежи на интернет говорат дека изворната музика со убав видео запис може да биде привлечна за младата публика.

Ова музичко трио е формирано само пред една година.  Кај неколкумина членови на културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце кои членуваат во пејачката секција се раѓа оваа идеја за формирање посебна група или трио кое ќе изведува традиционална изворна музика со цел да биде привлечна за целата публика, а посебно за младите.

Сашо Костадиновски, Бобан Трпковски, Мирослав Симјановски и Иван Божиновски се членови на групата која поради потребата и начинот на изведување на песните секогаш настапува како трио.

„Традиционалната изворна музика или гласоечко пеење кое во нашиот крај се изведува подразбира пеење во три гласа. Затоа кога настапуваме се договораме тоа да бидат само тројца од нас. Во гласоечко пеење еден глас „виши“, а другите два „сложат“. Мораме да ја задржиме традицијата, но и за квалитетот на музиката. Повеќе гласови не би звучеле исто како со три гласови каде може да се примени вишењето и сложењето“, објаснува 27-годишниот Сашо Костадиновски, кој по професија е етнокореолог.

Групата е формирана на 31 мај 2018 и за кратко време нивниот видео запис за песната „Да си вечна земјо моја“ бележи голема популарност. Како што е наведено во името станува збор за патриотска песна во чиј видео запис се забележани и голем број македонски национални симболи, вредности и елементи.

„Може да се наречеме преродбеници на македонската традиционално изворно пеење. Ние сме единствени кои што го негува и исполнува ваквиот стил на музика. Изворното пеење гласоечко дојдовме на идеја и помладите да го засакаат. Да биде зачувана етно генезата, односно да бидат застапени етно инструментите кои ќе бидат привлечни и за младите. Намерата е да се засака вистинската народна македонска музика која опстоила наназад низ вековите со тоа што била пренесувана усно преку пеење, па младите така ги паметеле и ја продолжувале традицијата исто со исполнување на тие песни“, рече Сашо Костадиновски.

Во нивните песни се користат народните инструменти-тапан, зурла, кавал, гајда, тамбура карактеристични за тетовското поднебје. Инструментите се снимени во студио од професионалци од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

И во втората песна „Мајко земјо не плачи“ се запазени сите етно елементи како во создавањето на музиката, така и во видео записот. Третата песна е свадбарска и ќе биде изведена вечерва на Лешочкиот фолк фестивал.

Во пост продукција имаат уште две песни. За првата песна на текстот и аранжманот работеле Мирослав Гавровски и Јован Василевски. Вториот текст е на Сашо Костадиновски, а повторно Василевски е автор на аранжманот.

„Нема фестивал на кој не сме поканети.  Има голем интерес за оваа музика, а и ние сме мотивирани за вакво начин на исполнување на песните. Ние како млади сметаме дека најдобро ќе најдеме начин како да се привлечат помладите да ја сакаат оваа изворната музика. Го претставувме оваа пеење со емоции, бидејќи тоа го носиме во нас, во душата. Го сакаме, не нѐ тера некој“, рече Сашо.

Во видео записите се користат оригинални народни носии што се добиени од ансамблот Македонија и професорот д-р Владимир Јаневски. Учествува групата „Сербез“ од Битола,  а спотовите се снимени во Галичник, Маврово и повеќе други локации. Триото Кладенец за оваа година има освојувано награди на скоро сите натпреварувачки фестивали.

МИА

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе