„Травијата" од Џузепе Верди во НОБ

Оперската претстава „Травијата" од Џузепе Верди ќе биде изведена во Националната опера и балет на 17 декември.

Претставата ќе се изведе под диргитенстката палка на Бисера Чадловска, во режија на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер од Германија, кореограф е Саша Евтимова.

Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон настапува Марјан Јованоски. Во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Диме Петров.

Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Од НОБ велат дека партитурата  „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот.

Генијалната музика, комплексното „безвременско“ либрето и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди. 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе