Традиционален годишен концерт по повод Свети Атанасиј на КУД Брвеница

Културно уметничкото друштво „Брвеница" од истоименото тетовско село со традиционален годишен концерт вечерва го одбележа празникот Свети Атанасиј. Покрај домаќините во спортската сала на ОУ „Коста Рацин" настапија фолклорните ансамбли „Китка" од Ораовица и „Млади Подарешани" од Подареш, КУД „Младост" од Кичево како и неколкумина естрадни уметници.

„Целта на КУД „Брвеница” е негување на македонскиот фолклор, традиција, обичаи, песна, оро и музика и пренесување на помладите генерации. На традициоалниот концерт настапивме со повеќе поречки игри, егејски игри, Тресеница и други сплетови. Во рамки на можностите годинава и ние ќе учествуваме на други фолклорни манифестации“, изјави музичкиот директор Блаже Мишевски.

Во КУД “Брвеница” учествуваат повеќе од 50 членови. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе