Музички успех

Талентираниот македонски пијанист Дино Имери ќе има солистички концерт во Загреб

Eден од најталентираните и најбарани млади македонски пијанисти, Дино Имери, на 11 март ќе одржи солистички концерт во Загреб, и истовремено ќе потпише ексклузивен договор за застапување со хрватската менаџерска куќа „Cristoforium Art“.

Соработката со менаџерската куќа „Cristoforium Art“ ќе се однесува ексклузивно на територија на Р. Хрватска, но и со можност за интернационална репрезентација на македонскиот пијанист. Директорот и основач на куќата, Данијел Гашпарович, со неверојатно брзо темпо и голема креативност ја етаблира оваа организација преку успешната соработка со артисти од редот на Андреј Гугнин, Андреј Коробејников, Аљоша Јуринич, Штефан Владар, Александар Књазев, Ловро Марусич и други.

Солистичкиот концерт на Дино Имери на 11 март во Загреб ќе се одржи во Големата читална на Државниот архив на Хрватска. На програмата се две монументални сонати од Франц Лист и Сергеј Рахманинов. Концертот се одржува во соработка со македонската амбасада во Република Хрватска.

Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова и проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со Cum Laude), како и со проф. Симон Трпчески, во чија класа магистрира на само 22-годишна возраст со просек 10 и со почести Cum Laude.

Македонската публика имаше можност да го слушне неговото свирење на отворањето на сезоната 2017/2018 на Македонската филхармонија и на солистичкиот концерт во Малата сала на филхармонијата во декември 2017 година.

Дино Имери се вбројува во десетте најдобри европски пијанисти според ранг-листата на Третиот европски пијано-натпревар одржан во Нормандија, Франција, еднакво е успешен во својата родна земја, а во 2013 година се здобива со највисокото домашно признание за класична музика - наградата „Виртуози“ во категоријата „Млад музички уметник“.

Т.Д.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе