Светска премиера на композиции од Дарија Андовска во Минхен

Две композиции од Дарија Андовска базирани на македонските народни песни „Со маки сум се родил јас" и „Си заљубив едно моме" утре ќе имаат премиера во рамки на серијата концерти #BSOmondayConcerts, кои ги организира Bayerische Staatsoper, државната опера во Минхен.

Во првичниот концепт се три композиции, вклучувајќи ја и „Сношти минав покрај вази“, но поради временското ограничување, премиерата на оваа композиција ќе се одложи за друг концерт. Трите композиции се напишани по нарачка на минхенската опера и бас-баритонот Милан Силјанов, кому и композиторката Андовска ги посветила.

Десеттиот од серијата понеделнички концерти на Bayerische Staatsoper, кои се емитуваат со онлајн пренос во живо, е со наслов „Звуци од татковината“. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе