Струмичкиот Егзит со над 20 илјади публика ги надмина очекувањата на институцијата Егзит

Големиот Егзит (Get EXITed) настан кој синоќа се одржа пред повеќе од 20.000 луѓе во Градскиот парк во Струмица, во организација на „Егзит" тимот, со маратонска музичка програма во траење од повеќе од 10 часа, ги надмина сите очекувања на бројната публика. Со феноменалната атмосфера и енергија, покрај извонредната посетеност која го надмина капацитетот на просторот во кој се одржуваше настанот, оваа забава им парираше на најголемите настани во Македонија и ги наговести размерите на новиот Егзитов фестивал чие покренување е планирано за следната година, oбјави институцијата Егзит.

Со своите фантастични настапи домашната, но и публиката од Бугарија, Грција и Србија, ја воодушевија водечките имиња од светската и регионалната музичка сцена – славната италијанска техно ѕвезда Дебора Де Лука, глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Махмут Орхан, неприкосновената балканска трап кралица Сенида, еден од најпознатите регионални диџеи Кристијан Молнар, како и изведувачите од домашната музичка сцена Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце САФ и Чваре (Фанки Фреш).

Основачот и директор на „Егзит" Душан Ковачевиќ изрази големо задоволство по повод настанот во Струмица и објасни дека Get EXITed е вовед за фестивалот кој ќе се одржи во 2023 година - „ЕГЗИТ фестивалското семејство во моментов е една од најбрзорастечките фестивалски групации на светот со 12 фестивали во седум држави.

„Сигурни сме дека сите предуслови се тука за и Македонија да добие еден голем фестивал каков што заслужува. Од 20-годишното работно искуство со ЕГЗИТ, гледам дека тука е присутна енергијата која е потребна за да се случи еден таков фестивал", проценува Ковачевиќ.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе