Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко

Виолинистката Наташа Диденко вечер ќе одржи соло концерт „Магична барокна вечер" во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

На програмата се музички композиции на германскиот композитор од доцниот барок, Георг Филип Телеман (1681-1767). Тој се смета за еден од најплодните композитори во историјата, а според неговите современици е еден од водечките германски композитори. Споредуван е со неговиот пријател Јохан Себастијан Бах. Неговата музика вклучува неколку национални стилови (француски, италијански, германски), а понекогаш е под влијание на полската популарна музика. Неговите дела се важна врска меѓу доцните барокни и раните класични стилови. На концертот ќе бидат исполнети „Четири сонати за соло виолина“.

Наташа Диденко е родена во 1988 година во Скопје.  Основното и средното музичко образование ги завршила во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Во 2010 година ги завршила студиите на Факултетот за музичка уметност- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Ганка Самоилова. Во 2011 година ги завршила постдипломските студии на истиот факултет, а во 2017 година докторските студии на Институтот за национална историја во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнала со звање доктор по хуманистички науки – културна историја. Како резултат на нејзината научноистражувачка работа има објавено монографија, статии и учествувала на повеќе домашни и меѓународни научни собири и конференции.

Добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Има одржано концерти во Берлин, Бремен, Париз, Марсел, Сете и низ повеќе градови во Македонија.

Наташа Диденко е професор по виолина во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје. Нејзини ученици се добитници на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари. 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе