Со концерт на „Танец“ денеска завршува „Скопско лето“

Четириесеттото „Скопско лето" завршува вечер со вокално-инструментален концерт „70 лета" на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец", кој годинава одбележува седум децении постоење. Концертот ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание" со почеток во 20.30 часот.

„Танец“ е формиран во 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство и да го претставува во земјата и надвор од нејзините граници. Оттогаш ансамблот има бројни кореографии, илјадници концерти низ светот, огромен фонд на песни, ора, оригинални носии и сценски адаптации. Поради тоа и го носи епитетот симбол и амбасадор на македонскиот фолклор, подвижен музеј на македонската духовна култура.

Ансамблот имал повеќе од  4.500 концерти во земјава и во светот пред околу осум милиони гледачи. Седумдесетгодишнината од основањето „Танец“ пред еден месец во Националната опера и балет ја одбележа со свечен јубилеен концерт насловен  „Во чекор“.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе