Сладоленд - турнеја на 5+ бенд и Замрзнатиот Петко во Битола, Штип, Скопје и Охрид

Ново изненадување од Замрзнатиот Петко и 5+ фамилија, проследено со многу музика, игра и дружење, ве очекуваат на Сладоленд - овогодинешната мини-турнеја на 5+ бенд.

По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ бенд и 5+ фамилија подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.

Препознавајќи ја итноста на потребата од повторна популаризација на еколошките вредности, својот петнаесетгодишен јубилеј 5+ фамилија го посветува токму на таа тема преку одржување на мини турнеја со своето најново музичко-сценско дело во градовите Битола (7 јуни), Штип (14 јуни), Скопје (17 јуни) и Охрид (30 јули). Концертите ќе бидат бесплатни, на јавни простори и отворени за широката јавност. Петко и 5+ Фамилија ве очекуваат!

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе