МИНИ ТУРНЕЈА

Скопскиот бенд „Фулиш грин“ ќе настапи на фестивалот МЕНТ во Љубљана (ВИДЕО)

„Фулиш грин" (Foolish Green) е единствениот македонски бенд кој оваа година ќе настапи на дебитантската музичка конференција во Љубљана, наречена „MENT Festival & Conference". Во мини-турнеја групата ќе настапи и во Загреб и Белград.

Фестивалот и конференција МЕНТ се случува на повеќе локации во периодот од 4 до 6 февруари во главниот град на Словенија, Љубљана. „Фулиш грин“ се меѓу педесетте избрани бендови кои ќе имаат чест да се презентираат пред луѓето од музичката индустрија (фестивали, промотери, агенти, музички професионалци, клубови, новинари од Велика Британија, Франција, Италија, Данска, Норвешка, Германија, Австрија, Исланд, Шведска, Швајцарија, Полска, Чешка, Словечка и од балканските земји).

Македонската група „Фулиш грин“ ќе настапи во клубот „Громка“ на Метелкова, во петок, 6 февруари, со почеток во 00.30 ч.

Покрај настапот на МЕНТ, во четврток (05.02) „Фулиш грин“ ќе го имаат својот дебитантски настап во култниот КСЕТ во Загреб, додека пак, во сабота ќе настапот во популарниот КЦ „Град“ во Белград, заедно со новиот проект на Борис Властелица од „Репетитор“, наречен „Црви“. Концертите и во Загреб и во Белград започнуваат во 22 часот.

Како новогодишен подарок за публиката групата „Фулиш грин“ (Foolish Green) го објавија нивниот прв сингл на македонски јазик, насловен „Далеку“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе