„Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, ќе имате ексклузивна можност да ги проследите едни од најголемите македонски музички бисери. Извонредните Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет специјално подготвен за оваа пригода. Време е за музика, за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged. 17.07 со почеток во 7 часот и 7 минути попладне“, соопштија организаторите.
Тие наведуваат дека е дозволен лимитиран број на посетители за кои се обезбедени седишта на растојание од 1,5 метри.
Фестивалот е во организација на Универзална сала под покровителство на град Скопје, поддржан од винарија Камник.
Поради запазување на протоколите и на мерките, картите се во строго ограничен број и можат да се купат на следниот линк.